Spielmobil

13445494_1161627307211974_5591009416128267772_nSpielmobil (Шпилмобил) ќе се одржи во ЕМЦ- Колешино од 28.06. 2016 до 03.07.2016.
Овој детски камп е од отворен карактер за деца до 15 години и секој кој сака може да дојде и да биде во заедништво со децата и младите од ЕМЦ Македонија.

Темата на овој детски камп е: „Господ е мојата тврдина, моја крепост и мој спасител“ 2 Сам. 22:2.
Нека Бог го води овој детски камп и биде за благослов на сите.

KРМ – Team building

Комисијата за работа со млади (КРМ) која е одговорна за работата со млади во ЕМЦ Македонија, организира обука на тема: „Управување со волонтери“. Покрај едукативниот дел од програмата, младите времето го исполнија со песни за славење на Бога, дружење и кратка прошетка.

Средба на жените од Моноспитово и Скопје

Недела, 29 мај, 10 жени од заедницата од Моноспитово беа на еднодневна посета на заедницата и жените во Скопје. Еве едно кратко резиме на тоа што се случуваше.

Почнувајќи го неделниот ден со утринската неделна богослужба, сите заедно, жени и мажи, млади и деца го славевме нашиот Господ. Жените од Моноспитово со песни ги поздравија домакините кои со сето срце и топло не пречекаа и угостија. На богослужбата беа присутни и нашиот суперинтендент, кој ни послужи и со слово, и неговата сопруга. По заедничкото време на дружење после богослужбата, некои жени беа одведени на прошетка во непосредна близина на црквата, што значи на еден мал круг низ центарот на главниот град. Тоа беше вистинска можност за некои жени, бидејќи многумина за првпат имаа можност да го посетат Скопје. „Благодарност до Бог за оваа можност“ - велат тие. Откако се собраа назад сите жени, мораме да признаеме и неколку браќа 🙂 кои помогнаа оваа средба да биде овозможена, заедно ручавме во црквата. Ручекот го поминавме јадејќи, но и разговарајќи си една со друга, само за време на десертот молчевме, бидејќи слатките и колачите што жените од Скопје ги беа приготвиле за нас, гостите, ни го одзедоа вниманието, на кратко. 🙂 По вкусниот ручек, се упативме на Водно, да го разгледаме Скопје од високо, а и да го размрдаме јадењето малку. Не се качивме пешки, немаше меѓу нас ентузијасти, а и сите не интересираше какво е чувството да се возиш со жичара. Беше многу интересно. Или барем за некој. 🙂 Но, како и да е сите успешно успеавме да се собереме горе, кај крстот. Таму беше вистинско уживање, сонце, но и ветре да не разладува. Некои жени најдоа ладовинка под една куќарка, па испоседнаа и почнаа да пејат. Пристапуваа луѓе и прашуваа, кои сме, што сме, зошто сме собрани. На тоа одговараа жените - „сестри сме“ и заедно Го славиме Бог. Па некои пееја заедно со нив, некои само лубопитно гледаа. Откако се собравме сите заедно повторно пред крстот, каде што некои од нашите сестри, заедно со браќата седеа, продолжија песните. Таму имаше и некои други луѓе што кажуваа дека се христијани, па имавме и мала дискусија со нив. Кога времето за враќање назад дојде, сите повторно се возевме со жичарата, овојпат со помалку страв. 🙂 Се вративме во црквата, но не бевме изморени, туку напротив, со уште поголема сила и радост ги зедовме песнарките и продолживме со славење. Овојпат имавме и инструменти. Неколкуте браќа, не останаа без работа. 🙂 Верувам дека и тие заедно со нас се радуваа на заедништвото што го доживувавме во тие моменти. Тука беа и деца, а и младите, кои помагаа околу организацијата цело време. Овде повторно ни се придружија и суперинтендентот и сопругата негова, која, иако спречена поради македонскиот јазик, цело време во својот дух ги подржуваше жените на свој сопствен начин. Прекрасно заедништво. Сите заедно, како вистинско Божјо семејство, а сето тоа предизвикано од жените! Од сакањето да се видат. Да се прашаат, што се, како се. Од ова можеме да разбереме и нешто друго. Ова ни кажува колку голема е улогата на жената во црквата. Да го собира семејството заедно! А, тоа во денешно време не е лесно, да признаеме. Но, Бог, кој ни дава сила да дишеме, ни дава сила да ги извршуваме и сите други служби.

Дојде и време да тргнеме повторно на пат за дома. Се испративме со бакнежи и прегратки и срца полни со убавини, а испразнети од секојдневни грижи кои ни натежнуваат.Домаќините ги оставивме можеби со малку работа после нас, но тоа никогаш не е тешко кога срцата ни се на место. А им ветивме дека за овој убав ден ќе им се одолжиме. Ете, такво е искуството со Бог!