Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

14908334_1376886578991316_5746632931988042637_n-collageОд 3 до 5 ноември, во Битола, се одржа „четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог“ на тема: „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“ организирана од Министерството за култура на Р.Македонија. Истата започна уште во 2003 по иницијатива на тогашниот претседател на Р.М. Борис Трајковски. На оваа конференција присуствуваа ерски водачи и политичари од земјата и странство. Обраќање имаа претседателот на Р.Македија, Ѓорге Иванов, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, водачите на православната и католичката црква и претставник на еврејската заедница, како и нашиот суперинтендент Вилфрид Науснер. Други делегати од ЕМЦ кои присуствуваа, а некои од нив земаа и учество во програмата, беа: Михаил Цеков, Марјан Димов, Лазо Танчев и Даниела Стоилкова од Македонија, понатаму: Михаил и Аса Науснер од Германија, Јорг Нидерер од Швајцарија, Михаил Стефанов од Бугарија и Пол Мојзес од Америка.