Одмор за проповедници 2018

Во Лука 9:10 се вели дека Исус ги зеде своите ученици и отидоа да бидат насамо на едно пусто место до градот Витсаида. После напорната работа на учениците добро им беше да се оделат насамо со Исус Христос.
Така и ние од 11 до 13 октомври се собравме сите проповедници од цела Македонија заедно со суперинтедентот и нашите смејства во Дојран.Бог ни подари прекрасно време таму каде го искористивме за прошетки по брегот на езерото, взаемно дружење и разговори. Утрата и ноќите ги користевме да се собереме заедно и да разговараме на тема предложена од нас самите. Секако овде беше и времето поминато во молитва и читање на Словото.
Бидејќи преку цела година не успеваме да се собираме само ние заедно настрана од секојдневните обврски, овие денови на заедништво ни доаѓаат од голема корист и градење на самите нас. Тоа ни служи за изградување на црквата и на взаемните односи на проповедниците. Времето беше послободно и можевме да размислуваме за тоа што се зборуваше на состанокот.
Суперинтедентот сподели дел од мисијата во Албанија преку слики и лични сведоштва заедно со сопругата Џин, имавме можност да прашања и разговор околу разликите и постигнувањата кај нив.
Исто така разговаравме за мисијата и замислата на нашите цркви овде во Македонија каде сите проповедници споделивме свое видување. Потикнати од мисијата и развојот во Албанија ни дојдоа нови и свежи идеи кои чекат да се реализират.
Нека Бог ја благослови и води работата во црквата бидејќи тоа е Негово поле.