Комеморативна богослужба во чест на Вилхелм и Хелене Науснер

На 1 јули 2018 год. беше оддржана комеморативна богослужба во чест и сеќавање на  Вилхелм Науснер и неговата сопруга Хеле Науснер која беше негова подршка и соработничка за време на неговата служба како Суперинтендент за Македонија од периодот 1996 до 2008 година.

Богослужбата се оддржа во просториите на Евангелско-методистичка црква во Скопје и на неа присуствуваа Епископ Патрик Штрајф, кој воедно имаше и свое обраќање, делегација од ЕМЦ Војводина, патријархот на МПЦ- ОА г.г. Стефан, сестрите Евхаристики со нивната главна сестра Стефанија, гости од ЕМЦ Албанија како и од другите Евангелско-методистички заедници во Македонија.
Свои обраќања имаа и пастор Ана Палиќ-Кунчак од Србија, Раководителот на Мис Стон центарот во Струмица и Проповедник во пензија Михаил Цеков. Тие ги изнесоа своите драги искуства и спомени кои ги доживеале заедно со Вили и Хелене, потенцирајки ја значајноста на нивната работа која ја работеле со исклучителна љубов и ревност во Македонија а и пошироко.
Беше прикажана и презентација од Кристина Цеков која преку слики успеа накратко да ја долови долгата приказна за овие две драги личности, нивната работа, нивниот ангажман како и нивните достигнувања за време на нивниот земен живот, делувајки неуморно на Божјото поле.

Присутни секако беа, нивниот син и Суперинтендент Вилфрид Науснер со сопругата Џин кои срдечно ги пречекаа сите присутни.

 

подготвил:
Даниела Стоилкова