За нас

Накратко | Во што веруваме | Организација | Екумена | Историја


 Најчесто поставувани прашања

Како е основан методизмот?
- Методизмот не е произлезен од некаков црковен спор. Неговото потекло не се должи на убедувањето дека христијанството е првенствено збир на правилни верувања, туку тоа претставува нов живот. Ова ново размислување за христијанството довело до појава на движење за обновување во рамките на англиканската црква, свртувајќи се кон маргининализираните луѓе во општеството.

Како дошло до создавање на Црквата?
-Методистичкото преродбеничко движење започнало со населувањето на емигрантите во англиските колонии во Северна Америка. Во 1783 година ќе дојде до независност на 13 англо-американски колонии, така што англиканската црква ќе ги загуби своите ингеренции во поранешните колонии и ќе го повика свештенството назад во Англија. Во оваа вонредна ситуација оваа движење ќе формира во црква.

Колку луѓе денес припаѓаат во оваа црква?
-Евангелско-методистичка црква (United Methodist Church) денес брои околу 12 милиони членови ширум светот. Околу 80 милиони луѓе припаѓаат на други цркви кои произлегуваат од тоа методистичко движење и припаѓаат на World Methodist Council.

Колку членови брои ЕМЦ во Македонија?
- Црквата брои околу 2000 членови во Македонија

Како се донесуваат одлуки во ЕМЦ?
-Одлуките се донесуваат врз основа на еден демократски начин. Заедно, лаици и проповедници сочинуваат конференции на кои се донесуваат одлуки.

Има ли избран водач?
-Едно типично структурно обележје на Евангелско-методистичата црква се Конференциите кои се присутни во сите нивоа на Црквата. Тие се советодавно и законодавно тело, кое го соединува сето она што се случува во Црквата и овозможува понатамошно правилно функционирање и живеење. Нив ги сочинуваат проповедници и лаички соработници.

Како се станува член на Евангелско-методистичка црква?
-Евангелско-методистичка црква не прави никаква разлика во поглед на примањето на членството, на оној кој е крстен или оној кој доаѓа од некоја друга црква или бил неверник.

Дали се плаќа придонес во Евангелско-методистичка црква?
-Евангелско-методистичка црква живее и опстојува исклучиво од доброволните дарови на членовите, колекта и специјалните дарови. Иако е призната од државата, таа не добива државна финансиска помош.

Кои сакраменти постојат во Евангелско-методистичка црква?
- Од црквите на реформацијата, Методистите одлучиле да прифатат само две чинодејствија како Сакраменти, а тоа се: Крштението и Господна вечера.

Дали се жените рамноправни?
-Сите служби на Црквата се отворени, и за мажите и за жените подеднакво. Не постојат никакви поделби според полот. Жените исто како и мажите можат да ги исполнуваат сите одговорности во Црквата.

Кои задачи може да ги вршат лаиците?
- Одговорностите во црквата се поделени помеѓу лаиците и проповедниците. Лаиците можат да земаат учество во проповедањето врз база на претходна обука како и во извршување на различните функции во заедницата.

Што ги поврзува Евангелско-методистичка црква и другите протестантски цркви?
- Иако Методистите не се директен производ на Протестанската Реформација, ние сепак припаѓаме на фамилијата на Протестантски цркви и заедно ги пропагираме протестанските верувања кои се базираат на љубовта кон Бога за сите луѓе и за Него­во­то безусловно прифаќање на нас, на нашата грешна природа како човечки битија. Библијата е темел на наши­те верувања, а Исус Христос е централно жариште на нашата верба и нашите животи. Крштевањето и причесту­ва­њето се наш свет симбол. Господовото ветување за Неговата љубов се провидели.

Кои се разликите помеѓу Евангелско-методистичка црква и другите протестантски цркви?
-Евангелско -Лутеранска и Реформирана црква датираат од времето на реформацијата на Европската црквата во почетокот на модерната ера. Движењето на Методистичката Црква е родено на почетокот на просветителството во Црквата на Англија. Методистичката црква во Македонија нема национална црква структура. Тоа не е национална црква, туку и припаѓа на United Methodist Church. Тука е и разлика на евангелските слободни цркви, кои ja потенцираат независноста на секоја заедница посебно и практикување на возрасно крштевање.

Од кога постои методистичка црква во Р.Македонија?
-Почнувајќи од 1860, па се до 1890 година, во Македонија се формирани цркви во многу градови и села.

Каква е врската на Евангелско-методистичка црква и другите цркви?
- Евангелско-методистичката црква секогаш била и е отворена за соработка со другите цркви и религиозни заедници. Ние како црква имаме добри односи со Македонската Православна црква, Католичката црква, Исламската заедница и Еврејската заедница.

Каков е социјалниот ангажман на Евангелско-методистичка црква?
-По распаѓањето на СФРЈ, Евангелско-методистичка црква веднаш отпочна со својата социјално-хуманитарна дејност, која, почнувајќи од Струмица и Струмичко, се прошири низ целата држава. За повеќе прочитајте на страната Социјална работа