Добредојдовте

 Добрoдојдовте на веб-страницата на Евангелско-методистичката црква во Македонија!

Ние сме црква која е со устав признаена во Р. Македонија, а која своите корени ги има во Англија. Како црква нагласуваме дека Бог не љуби неизмерно и дека таа љубов може да се доживее преку верата во Него.

Нашата цел, како црква, е да ја живееме оваа љубов, бидејќи таа не прави способни божјата љубов да ја споделуваме со сите.

Сите кои би сакале да ги посетат нашите Богослужби се срдечно добредојдени. Ние сме отворена Црква за сите луѓе, без разлика на нивната националност, потекло или возраст.

12394476_1131280820218561_1258402798_o

Во што веруваме?

Ние сме уверени дека христијанската вера не се состои од догми и вероисповед, туку таа се живее преку една секојдневена врска со Бог и луѓето околу нас. Понатаму ние се стремиме, не да се разликуваме од другите цркви со посебно учење, туку заеднички да ги толкуваме основните вистини на христијанската вера во ова време и понатаму да ги живееме.

Каде славиме? Каде се наоѓаме?

Евангелско-методистичка црква (UMC) е светски распространета црква. Во Македонија не има во Скопје, Драчево, Кочани, Струмица, Радовиш, Раклиш, Битола, Прилеп, Колешино, Муртино, Моноспитово, Вељуса.
Вие сте срдечно поканети да присуствувате и славите заедно со нас.