Дистриктна конференција 2018

На 24 март во просториите на Мис Стон Центарот беше одржана овогодинашната Дистриктна конференција.

Конференцијата ја водеше Суперинтендент Вилфрид Науснер, а свои извештаи дадоа Претседателот на Црковното претставништво Емил Заев, финансиски извештај Софија Трајковска и извештај за меѓурелигиски и меѓуверски односи Михаил Цеков. Делегатите исто така беа запознаени и со развојот на два проекти за кои известување дадоа Јулијана Милеска за проектот „Вложувајки во децата, вложуваш во иднината“ - проект наменет за едукација на деца од ромска националност и Мартин Конев за проектот „Нега во својот дом“- проект на Дијакониа Македонија наменет за нега на стари лица.
Конференцијата заврши со заеднички ручек на кој делегатите можеа да разговараат и за предстојната Годишна конференција која ќе се одржи во Кисач, Р.Србија од 12 до 15 април 2018