Велигден 2018 год. во ЕМЦ Скопје

ЕМЦ Скопје Велигден 2018
И оваа година во ЕМЦ Скопје, имавме прекрасно време сеќавајќи се и прославувајќи го Христовото воскресение. Имавме исполнет викенд со прекрасни активности и заедништво за слава на Бог.
 

Вечерта на Велики петок се потсетивме на смртта на Исус Христос, преку музика и проповедање на Словото. Младите од нашата црква го прославија Бог со неколку песни, исто така и хорот ја разубави целата атмосфера со својот настап.
 
Во недела наутро на денот на Христовото воскресение, исто така имаше песни од младите, хорот веднаш по нив, музичка соло изведба, како и прекрасната порака од Словото. На крајот децата имаа Велигденска претстава, каде сликовито го претставија целото случување од воскресението на Исус. Потоа во дворот на црквата им приредивме мала забава на децата со слатки награди. И секако најмалите добија и Велигденско пакетче.
 
Христовото воскресение треба да ни носи радост, како во овој викенд, така и во секој нареден ден од годината. Ви посакуваме Божји благослови.
 
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018
ЕМЦ Скопје Велигден 2018